www.osogovoregion.gov.mk    
English
почеток
 
 
 
 
 
 
 
 
 

  

Туристички потенцијали за развој

 

Туристичка понуда

Природните реткости, културното наследство и народната култура се значаен фундамент за развој на алтернативните форми на туризам во Осоговието.Регионот располага со богати археолошки наоѓалишта, цркви, манастири, рурални средини со специфична етнологија, народни обичаи и препознатлива богата народна кујна. Овој регион е погоден за развој на следните видови туризам зимско-спортски, планински, бански и манастирски, со посебен акцент на условите за развој на руралниот туризам.

СРЦ Пониква

Еден од 34-те зимски туристички центри зацртани во просторниот план на Република Македонија, на надморска височина од 1670 метри. Се наоѓа во предел со густа букова шума, богата вегетација и завзема особено важно место во развојот на туризмот и општиот развој на Осоговскиот регион.
Покрај викенд населба нуди сместување во неколку мотели и детско одморалиште со 220 легла. Како посебна туристичка атракција е резерватот за дивеч кој нуди можност за лов на елени, срни, диви свињи, муфлони како и сопствени капацитети за сместување.

Планинарски патеки

Регионот Осогово нуди извонредни услови за трасирање на скијачки и планинарски патеки. До највисоките делови на осоговијата (Руен 2252м), може да се стигне од повеке правци. Едниот е преку Крива Паланка-Тораница, вториот Пониква-Царев врв (2085м). Постојат и многу други планинарски патеки како што е патеката од Крива Паланка до Пониква. Една од најатрактивните и најживописните патеки е патеката М4, оваа планинарска патека е составен дел од мегународната мрежа на планинарски патеки.

Локалитет Куклица

Овој локалитет е еден од најатрактивните од ваков вид во Европа. Геолошките форми и форми-рањето на куклите настанало пред повеке милиони години. Покрај камените кукли во оваа област се пронајдени фосилни остатоци на дендро флора, слични како во Гео паркот на островот Лезбос (Р.Грција), познат во целиот свет.

Лесновски кратер

Бурната вулканска активност во овој дел на Осоговскиот регион остави повеке остатоци од кратери, меѓу кои највпечатлив е Лесновскиот кратер. Тој е еден од нај-сочуваните и најкарактеристични кратери на Балканскиот полуостров. Со неговата исклучителна природна реткост, прогласен е за споменик на природата и се наоѓа на списокот на геолошки раритети во Република Македонија.

Локалитет Цоцев камен

Еден од најмонументалните археолошки локалитети во регионот, во кој се наоѓа палеолитско наоѓалиште од пред 20.000 години. Во времето на неолитот на овој локалитет се развила населба, каракте-ристичен пронајден предмет на овој локалитет е неолитската лажица и повеке фрагменти на божици. Во времето на бронзениот период имало светилиште посветено на виното и богот Дионис. На западната страна на карпата за прв пат во Република Македонија е откриена карпеста уметност, сликање со црвена боја од пред 25.000 години.

Карпестата уметност

Карпестата уметност е основа на етноло-шкото, уметничкото, историското, палео-графското како и на религиозното и фило-зовското наследство на Република Македо-нија, но и светската цивилизација во целина. Во Осоговијата среќаваме карпести гравири од сите стилистички природи, нема форма на карпест гравир изработена во било која точка на планетава да нема аналогија во карпестите гравири од Осоговијата. За прв пат во Македонија и на Балканот е откриена слика на карпеста уметност во месноста Цоцев камен. Богатството од карпестата уметност во Осоговијата беше причина институтот за трајни заедници од САД да финансира во изградбата на првиот

резерват за карпеста уметност подигнат во Кратовскиот регион. Осоговијата во која е откриен првиот карпест гравир на Балканот е горда и поради фактот што УНЕСКО ја подржа иницијативата за изградба на монументален музеј на карпеста уметност.

Манстир св.Гаврил Лесновски

Еден од најзначајните културно-историски споменици во Македонија, манастирот св. Гаврил Лесновски се наога во с.Лесново (општина Пробиштип). Крајот на X и почетокот на XI век е времето во кое живеел испосникот Гаврил Лесновски во чиј спомен и бил изграден манастирот. Манастирот е обновен во 1341 година на темелите на црквата од XI век. Една од најголемите вредности на Лесновскиот манастир е фрескоживописот. Овој манастир е мегу највисоко вреднуваните литературни центри.

Манастир св.Јоаким Осоговски

Сместен на 3км од Крива Паланка се наоѓа на надморска височина од 825м. Подигнат е на остатоци од стара црква која датира од XI век. Манастирот плени со својата духовна, архитектонска и уметничка вредност. Во манастирскиот комплекс покрај конаците има и две цркви посветени на св. Јоаким Осоговски и св. Богордица, камбанарија со заедничка гробница во темелите, зграда за премин, зграда за туристи, летна градина и кујна, нова гостилница и резиденција на МПЦ. Во неколкуте манастирски комплекси постојат и околу 120 легла за сместување.

Манстир св. Пантелејмон

Значаен споменик на културата (чии вредности се ставени под заштита на државата), се наоѓа на 12 км од градот Кочани. Во рамките на манастирскиот комплекс според градбата, иконите и останатите вредности најстара е манастирската црква св. Богородица. Од сочуваните натписи над задната влезна врата таа е изградена 1872 година. Веднаш до црквата св. Богородица во 1875 година е изградена големата црква посветена на св.Пантелејмон.

Други локалитети

Посебно карактеристични се пејсажните склопови во планинскиот дел со предели од густа букова шума, многубројни извори на чиста вода, шумски плодови и лековити растенија. Во регионот се евидентирани повеќе многувековни дрвја: старите борови во Кратово (околу 330 год.), шест вековна црница во кругот на Лесновскиот манастир, костен со старост од оклу 700 години во Кратово, стар даб во кочанско (с.Бели) и стариот габер на Пониква. На повеќе локации може да се забележат и карактеристични вулкански топки.

 
www.osogovoregion.gov.mk