www.osogovoregion.gov.mk  

 

English
почеток
 
 
 





 

 

 

Ресурси и потенцијали за развој

 

 

Минерални суровини
Резерви на олово-цинкови руди, билансните резерви изнесуваат околу 148.000.000 тони. Неметални суровини (опални бречи, кварц, силекс архитектонско-украсен камен, градежен камен со мошне специфични естетски својства што пред се, се однесуваат на различните видови на туфови и шкрилци Злетовско-кратовскиот дел од Осоговскиот регион, има најдолга рударска историја на Балканот, според податоците рударењето започнало од XII век (1153 год.)

Водени ресурси
Осоговието се одликува со средно богата хидрографска мрежа. Поголеми водотеци се: Злетовска река-извира на 1700 мнв, проток-2,64 метри кубни во секунда, во тек е изградбата на повеќенаменскиот систем Злетовица со зафатнина од 23.000.000 метри кубни , Крива река-извира на 1800 мнв, проток-3,5 метри кубни  Оризарска река-извира на 1500 мнв, со предвидена изградба на брана со акумулација 25.000 метри кубни, Каменичка река, Кочанска река-извира на 1600 мнв, на која е изградена браната Гратче. Изградена  акумулација  Калиманци  со должина на езерото   14 км и ширина 3 км, зафаќа површина од 4,23 км квадратни и акумулира 127.000.000 метри кубни вода.

Земјоделие
Регион во кој поголемиот дел од теренот е планински. Идеален за производство на здрава храна, со земјоделски површини на кои досега се нема употребувано вештачки хемиски препарати, со извонредни услови за органско производство. Во планинскиот дел најзастапено е производството на квалитетен компир, додека во Кочанската котлина се произведува еден од најквалитетните врсти на ориз. Вкупната површина на обработливо земјиште - 65.000 ха, пасишта-58.140 ха. и шуми-65.100 ха. Регионот овозможува погодни услови за развој на сточарството.

 












www.osogovoregion.gov.mk